јуни 23, 2021

Лукаревска: Ако рамковните не покажат резултати, ќе мора да се поздравиме

Новата заменик-претседателка на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во вечерашното гостување на ТВ 24 коментирајќи го разрешувањето на Стојко Пауновски рече дека таа секогаш е за дебата и за различни мислења, но и дека кадрите вработени по Рамковниот договор, а кои се распределуваат по институции, ќе поминат тест.

-Тоа што се случи, тоа беше негова одлука. Кај мене (УЈП) е поинаква ситуацијата, затоа што ние имаме недостаток на кадар. Имаше законско решение, сите бевме консултирани, сите кадри кои се во УЈП се во рамки на нашата систаматизација која ја променивме за да можеме да ги примиме. Тие ќе поминат тест, ние нема да ги галиме. Ако не покажат резултати, ќе мора се поздравиме, вели Лукаревска.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •