октомври 24, 2021

Цеков: Македонија протера руски дипломат за да ја задоволат ЕУ, ние секако ќе одговориме

Членот на комитетот за меѓународни работи на Советот на федерацијата на Русија, Сергеј Цеков изјави дека Русија ќе одговори на потезите на Mакедонија по протерувањето на рускиот дипломат од земјата.

Дипломат од амбасадата на Русија во Скопје е прогласен за непожелна личност и треба да ја напушти Македонија за седум дена, претходно информираше Министерството за надворешни работи. 

„Тие заболеа од антируско и антидипломатско заболување. Тие не ги ценат односите со Русија. Тие очигледно сакаат да ја задоволат Европската унија. Искрено кажано, ваквите одлуки не служат на честа на раководството на Македонија. И, секако, ќе одговориме “, гласи коментарот на Цеков за Раша Тудеј. 

Ваквите зачестени одлуки на европските земји, според Цеков, ја уништуваат структурата на меѓународните односи .

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •