јуни 21, 2021

Обвинителство се согласи Мијалков за скоро 11 милиони евра гаранција да се брани од слобода

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја прифати понудената гаранција од 10 милиони евра за бранење од слобода на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков кој е во притвор. Мијалков е во истражниот затвор Скопје од 23-ти февруари кога по неколкудневно мистериозно исчезнување се појави пред обвинителството да го подигне решението за притвор.

„Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ од 10.871.170,00 евра е прифатлива за обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата“ се вели во одговорот за радио Слободна Европа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Во изминатиов период додека е во притвор Мијалков, за него беа донесени две првостепени пресуди. За предметот Таргет Тврдина кој се однесува на незаконскато масовно прислушување доби 12-годишна затворска казна, додека за случајот Трезор кој се однеусва на нелегална набавка на софтвер за следење на комуникации судот му одреди 8 години затвор. Наскоро се очекува и уште една пресуда за случајот Тортура, кој се однесува на апсењето на поранешниот функционер Љубе Бошковски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •