јули 23, 2021

Кислородната поддршка и дуплата доза антибиотици причини за големата смртност од Ковид-19 во Македонија

Високи дози на антибиотици, различни болнички протоколи, неискуство на персоналот во малите градови – се меѓу причините за се уште високата смртност од ковид-19 во земјава, наведуваат дел од експертите за тв Сител.

Микробиологот Никола Пановски, вели дека досега никој не ги анализирал причините за високата смртност. Се сомнева дека пациентите биле предозирани со лекови.

-Давањето на многу лекови на пациентите уште додека се здрави и во добра состојба, по 10-15 лекови прима секој пациент, два антибиотика, така што во болниците често пати доагаат пациенти кои се интоксицирани од лекови, место да им се зголеми имунитетот им се намалува.  А за антибиотиците е докажано дека се беспотребно давани. Сум докажал дека сумамедот е даван во две дози, што се забранети, токсични дози, што е кривично дело и никој не реагирал, вели д-р Пановски за Сител.

Чолакова-Дервишова, како причина за високата смртност го посочува количеството кислород кој пациентите го добиваат за време на болничкото лекување.

-Мислам дека преголемите дози на кислород исто така штетно влијаат. Можете да ги земете бројките колку секој матичен лекар лекувал, третирал, таа статистика ја има во базата на Мој термин и колку луге од тие останале живи. Значи тој процент е многу, многу висок, вели таа за Сител.

На светската мапа за следење на состојбата, Македонија е на високото шесто место според бројот на починати на еден милион жители.. Од почеток на пандемијата, регистрирани се вкупно 5.230 смртни случаи.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •