август 5, 2021

Десетици илјади ученици оставени без компјутери, државата се луксузира со „гејмерски“ лаптопи – Макпетрол го „ќари“ тендерот на УЈП вреден 25 милиони денари

Додека десетици илјади ученици се оставени без компјутери и не можат да следат онлајн настава, власта предводена од СДСМ непотребно се луксузира со прескапи компјутери.

Имено на 6-ти мај Управата за јавни приходи (УЈП) има потпишано договор со МАКПЕТРОЛ Акционерско друштво за промет со нафта и нафтени деривати Скопје за набавка на 390 компјутери.

Договорот кој е објавен на страната на Бирото за јавни набавки е во вкупна вредност од 25.008.606 денари.

Согласно објавените документи може да се забележи дека УЈП набавува 100 персонални компјутери со цена од 45 423 денари без ДДВ, 250 лаптопи по цена од 53 766 денари без ДДВ и 40 лаптопи кои се класифицираат како гејмерски, по цена од, верувале или не, 145 848 денари без ДДВ.

Ова е уште едно од низата на непотребни луксузирања од страна на власта за што се трошат десетици милиони евра народни пари.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •