септември 28, 2021

Бугарија ја повика хрватската амбасадорка поради изјавата на Милановиќ за Македонија

По наредба на бугарскиот шеф на дипломатијата Светлан Соев, денеска во Министерството за надворешни работи е повикана хрватската амбасадорка во Софија Јасна Огњановац, поради изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој по Самитот во Брдо остро го нападна односот на Бугарија кон Македонија.

Имено, Милановиќ порача дека тоа што Софија го бара од Скопје претставува, како што рече, влегување во интимниот простор.

Бугарските власти велат дека оваа изјава е неприфатлива, поради што Огњановац се обврза да го пренесе ставот на Бугарија на Загреб.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •