септември 17, 2021

Николовски: Нашите градоначалници реализирале 6.400 проекти, а 4.000 се во тек

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски истакна дека преку системот за следење на работата на партијата се следи работата на градоначалниците и советите, но, како што рече, и на функционерите на државно ниво.-Имаме евиденција дека околу 6.400 проекти ветени од страна на нашите градоначалници и совети се испорачани, околу 4.000 се во тек на реализација и околу 1.900 што не се започнати и треба да започнат во останатиот период – изјави Николовски на Сител.Тој нагласи дека на претстојните локални избори СДСМ ќе настапи со одговорни кадри, кои, според него, на анкетите ќе бидат најдобри.-Ние кон крајот на месецот ќе преминеме и со штабска работа, ќе биде избран и централниот изборен штаб и ќе започне постапката за евидентирање и предлагање на кандидати за советници и градоначалници – најави Николовски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •