МНР ПРОГЛАСИ РУСКИ ДИПЛОМАТ ЗА НЕПОЖЕЛНА ЛИЧНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА

Министерството за надворешни работи прогласи дипломат на руската Амбасада во Република Македонија за непожелна личност.
-Министерството за надворешни работи, согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Македонија, стои во соопштението на МНР.
Во оваа насока, додава МНР, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Република Македонија во рок од седум дена.
За авторот
Сподели