јуни 21, 2021

ВЛАДАТА ДАДЕ НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ ЗА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

Владата даде  негативно мислење за предлог-законот за изменување на изборниот законик со кој треба да се воведе една изборна единица и на тој начин помалите партии да имаат поголеми шанси за повеќе пратенички места доколку настапуваат независно.

Предлогот на законското решение е поднесен од пратеници на ЛДП, Демократскиот сојуз, ДОМ,  Левица, ВМРО-НП,  и на пратеникот од коалицијата предводена од СДСМ, Панчо Минов. Негативното мислење е доставено и потпишано од првиот вицепремиер Артан Груби, а во него пишува дека е потребен општ консензус и дека планирана е поширока дебата на работната група со парламентарните политички партии.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •