јули 24, 2021

„Сакајте ја партијата, но служете ѝ на државата“: Шекеринска со честитка до Лукаревска и новото раководство на СДСМ

Првата заменик-претседателка на СДСМ ја презема оваа функција кога партијата ја „трошеше“ седмата година како опозиција, а заминува од партиското раководство пред истекот на четвртата година од владеењето на социјалдемократите

Водете за да останеме најдобри. Трчајте, за да не ве претекнат. Зборувајте за да не ве замолчат. Очите секогаш нека ви бидат вперени во хоризонтот. Невозможното направете го возможно. Сакајте ја партијата, но служете и на државата и на нашите граѓани, напиша министерката за одбрана и досегашна заменик-претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска на Фејсбук, по денешниот изборен конгрес на партијата.

Со ваква порака, таа упати честитка до, како што посочи, новите луѓе во раководството, до реизбраните, а посебно до нејзината наследничка на париската функција Сања Лукаревска.

Шекеринска, првата заменик-претседателка на СДСМ, ја презема оваа функција во 2013 година, кога партијата ја „трошеше“ седмата година како опозиција, а заминува од партиското раководство пред истекот на четвртата година од владеењето на социјалдемократите.

Таа двапати беше избрана за заменик-претседателка, во тандем со Зоран Заев за лидер. Но овој пат Заев не беше кандидат на денешниот изборен конгрес на СДСМ, откако, преку статутарни промени, изборот на лидер се префрли од конгресот на непосредни внатрепартиски избори, во кои право на учество има целото членство.

Иако имаше дилеми дали да ја пополнува и овој пат заменик-претседателската позиција, Заев денеска, пред почдетокот на конгрсот, ја донесе конечната одлука, предлагајќи ја Лукаревска, директорката на УЈП, за негова нова заменичка, откако Шекеринска, пред неколку седмици, соопшти дека се повлекува од партиското раководство и дека остава простор на нови лица.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •