ноември 29, 2021

Трипуновски: Законот за продажба на државното земјоделско земјиште ќе создаде нови олигарси

Беспредметно е да дискутираме за вакво законско решение затоа што ова ќе биде практично класична распродажба на македонското земјоделско земјиште, односно создавање на нови олигарси, вели Цветан Трипуновски претседател на Републичката комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство за Законот за продажба на државното земјоделско земјиште во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема на ваша страна“ на телевизија Телма.

Трипуновски нагласи дека самиот закон има недостатоци кои што може да значат злоупотреба и манипулација со продажба на државното земјоделско земјиште, како и дека согласно членот 5 од законот се овозможува по истекот на 10 години тоа да се продаде или да се пренамени во градежно земјиште.

– Има многу скриени моменти во овој закон каде што се дозволува злоупотреба односно манипулација со ова наше природно богатство. Зборуваме за земјоделско земјиште кое што е необновлив извор. Членот 5 од Законот за земјоделско земјиште вели дека по истекувањето на 10 години истото може да биде продадено, дарувано, разменето, дадено под концесија за геолошки истражувања или експлоатација на минерални суровини и пренаменето во градежно земјиште. Тоа пластично значи дека ако некој си купи 10 хектари државно земјоделско земјиште по овие багателни цени кои што се предвидено во законот, по истекот на 10 години кои што е премногу краток период и истото може да го продаде или да врши експлоатација – рече Трипуновски.

Сподели
 
 
 
   more