Заев: Благодарност до мојата другарка Радмила

Ја јакнеме арматурата на нашата држава, изјави на Конгресот премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, додавајќи дека се зајакнати меѓуетничките односи, и дека никаква блокада нема да ги демотивира.
„Благодарност до мојата другарка Радмила, што беше моја заменичка во најтешките времиња“, рече Заев.
Предложени се 120 кандидати за Централниот одбор, и 9 кандидати се за Надзорен одбор. Повеќе од две третини се нови членови. Заев рече дека од 120 кандидати, 60 се жени. Простор им се дава и на младите. Вели дека поставиле нови стандарди на политичката сцена во Македонија.
„Денес социјалдемократското семејство брои над 80.000 членови и расте. СДСМ е партија на сите граѓани, за сите граѓани“, вели Заев.
За ВМРО-ДПМНЕ рече дека не се реформирани, дека ги кочат процесите и дека ае во режимска матрица.
Најави ангажирање на капацитетите во борба со корпуција, слушање на различни мислења, поттикнување на народот, да им се даде простор на младите.