јуни 23, 2021

Трајановски: Честитки до Шилегов, после неколку години успеа да го уништи Вардар

Изминатите неколку денови во јавноста актуелните се случувања поврзани со доскорешниот фудбалски шамион ФК Вардар. На оваа тема на својата фејсбук страна се огласи поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.

Неколку дена откако и официјално ФК Вардар испадна од првата фудбалска лига сакам да му честитам на Петре Шилегов, напиша Трајановски во својата објава.

После 3,5 години успеавте да ја уништите Скопската и Македонската фудбалска гордост, ФК ВАРДАР! Од шампион го успешно го вративте во втора лига, додава Трајановски во фејсбук објавата.

Трајановски додава дека тие не биле совршени, но работеле на афирмација на спортот во Скопје.

Водилка ни беше скопската спортската звезда да опстои и да се гордееме со шампионските успеси во Македонија и Европа. Овој успех Петре, Скопјани нема да ти го заборават !!! Јас го сакам Вардар и тој повторно ќе блеска, заклучува тој.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •