јуни 22, 2021

РОДИТЕЛИТЕ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ЗАКОНОТ ЗА УЧЕБНИЦИ

Родителите од иницијативата „Учебници и настава мора има“ денеска излега на протести. Главниот протестен марш е  во скопје и  започна точно на пладне пред министерството за образование и наука.

Во другите градови, според информациите од иницијативата, родителите ќе се собираат пред општинските згради. Протестите доаѓаат откако мон не им излезе во пресрет на барањата кои ги доставија.

Претходно учениците по барање на родителите ја бојкотираа наставата во знак на револт против предлог законот за учебници.

Освен предлог законот за учебници, во барањата на иницијатијавата „Учебници, настава мора да има“ имаше точки и за најавеното интегрирање повеќе предмети во еден, но и другите реформи кои се планираат за од септември.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •