јуни 20, 2021

ДЕСЕТЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ЗАГИНА ВО БОМБАРДИРАЊАТА НА ИЗРАЕЛСКИТЕ АВИОНИ НА ГАЗА

Двете страни продолжуваат да ги засилуваат нападите, додека бројот на жртвите расте

Десет члена на едно семејство загинаа во Газа во најсмртоносниот напад на израелската војска од почетокот на бомбардирањата во понеделникот, додека САД испратија специјален претставник да посредува во постигнување на примирје. Хади Амр ќе земе учество во разговорите со официјални лица на Израел, Палестина и Обединети нации, а во меѓувреме, насилствата и нередите се шират низ цел Израел. Во вчерашните протести на Палестинците во окупираниот Западен Брег израелските безбедносни сили убија 12 луѓе.

Најмалку 133 луѓе загинаа во Газа и осуммина во Израел откако почнаа борбите пред пет дена. Палестинските медицински служби кажаа дека десетчлено семејство загинало во израелски воздушен напад на бегалски камп во западниот дел на Газа. Мохамед Абу Хатаб рекол дека неговите сопруга и пет деца биле кај роднини за Рамазан бајрам, при што е познато дека преживаел само петмесечниот син. Сведоци изјавија дека авионите фрлиле три бомби врз куќата без предупредување.

Околу 160 израелски авиони вчера фрлиле 80 тони експлозив во рок од 40 минути со цел да уништат мрежа од тунели на Хамас, при што загинале и шест члена на едно семејство. Израелските безбедносни сили соопштија дека јужниот дел на Израел е изложен на постојани ракетирања од Газа, додавајќи дека тоа нема да помине без одговор.

Според ОН, околу 10.000 Палестинци ги напуштиле домовите од почетокот на борбите, а 950 се повредени.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •