октомври 22, 2021

МВР ГИ РАСЧИСТИ ГЛАСИНИТЕ: Во Ченто немало ниту престрелка, ниту убиени, туку само сообраќајка

Министерството за внатрешни работи вчера доцна вечерта излезе со демант дека во населбата Ченто имало пукање и убиство, како што објавија одредени портали, а такви шпекулации се ширеа и на социјалните мрежи.

Дури, одредени медиуми одеа дотаму дека имало, наводно, повеќе убиени на настанот.

„Дел од порталите, вечерва шират лажни вести за наводна престрелка во скопската населба Ченто и дури лицитираат со повеќе убиени. МВР апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви подметнувања и да не веруваат на лагите кои ги пласираат овие портали, туку да се информираат од професионалните медиуми, кои објавуваат проверени информации. Во Ченто вечерва имаше сообраќајна незгода, а не престрелка, како што беше објавено“, велат од МВР.

Според првичните информации, има повредени во сообраќајката.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •