јуни 21, 2021

Бугарскиот Универзитет од Велико Трново отвора филијала во Македонија, веста ја потврдил Заев

Бугарскиот универзитет од Велико Трново „Св. Кирил и Методиј“ ќе отвори своја филијала во Република Македонија, јави бугарското Национално радио.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, преговорите меѓу Универзитетот во Велико Трново и Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе се воделе три години.

Според ректорот на Универзитетот во Велико Трново, проф. Христо Бонџолов, веста во телефонски разговор пред неколку дена ја соопштил премиерот Зоран Заев.

-Разговарав телефонски со премиерот на Република Македонија Зоран Заев и тој ме увери дека следната недела, на седница на Владата на Република Македонија, ќе биде донесена одлуката да се отвори филијала на Универзитетот Велико Трново „Свети Кирил и Методиј“ на територијата на Република Македонија. Ќе се обидеме заедно – Бугарија и Република Македонија, да ги изградиме уништените мостови, објави во видео обраќање, проф. Бонџолов.

Од следната академска година, по програмата на Универзитетото во Република Македонија, ќе студираат повеќе од 100 магистри и околу 50 докторанти.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •