јули 24, 2021

Србите нема да плаќаат роаминг во Грција

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ по средбите со државниот врв на Грција најави дека Србија и Грција следната недела ќе потпишат договор за укинување на надоместоците за роаминг, објави српската Влада. Брнабиќ е на Економскиот форум Делфи каде што присуствува и македонскиот премиер Зоран Заев. Таа имала средба со  премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис.

„Договоривме со Грција да направиме договор за роамингот со што нашите граѓани кои одат во Грција веќе нема да плаќаат тарифа за роаминг како во странство туку тоа ќе биде како локален позив, рекла Брнабиќ за Танјуг. 

Српските медиуми јавуваат дека Брнабиќ изразила благодарност за поддршката што Грција ја дава за европскиот пат на Србија и за застапувањето на процесот на проширување на Европската унија. Премиерката посочи дека оваа поддршка многу и значи на Србија, бидејќи европската интеграција е важен предуслов за долгорочна стабилност.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •