јуни 20, 2021

Рама: Во Албанија може има тинејџерска демократија, но ЕУ страда од амнезија

Европската унија страда од амнезија, заборавајќи ја целта на своето постоење, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

– Во Албанија владее тинејџерска демократија и, како и секој тинејџер, тој има проблеми, но расте и ќе достигне зрелост за кратко време. Но, ако Албанија е тинејџерка, Брисел страда од амнезија за тоа кој е, зошто постои, кои се целите и причината на нејзиното постоење. На крајот на краиштата, тоа е најголемата сила на добар дел од човештвото и се надевам дека брзо ќе се опорави, бидејќи без неа светот би бил многу полошо место – рече Рама.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •