Нова мафијашка престрелка во Скопје, има убиени и ранети

Неофицијално, станува збор за пресметка на подземјето и дека оваа престрелка се надоврзува на убиството во Бутел.
Вечерва на семафорите во Ченто во Скопје имало престрелка, а според очевидци имало ранети и убиени, објави „Експрес.мк“.
Според неофицијални информации, на потегот меѓу последната и претпоследната станица на автобусот број 45 дошло до престрелка меѓу две возила, по која едното завршило во електричен столб.
Сподели