јуни 23, 2021

Николоски: Македонија, за жал, влегува во инфлација, поскапува храната, електричната енергија, нафтата (видео)

Александар Николоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека на економски план, Македонија влегува во рецесија. Тој спомена дека се очекува и натаму да расте инфлацијата, и уште повеќе да поскапуваат храната, електричната енергија и нафтата.

„Македонија влегува во инфлација. Ова се официјални податоци од Народната банка која ја проектираше инфлацијата за 1,5 %, а денеска има корегирана бројка од 2,2%, а реалната инфлација надминува 3%. Поскапува храната, електричната енергија и се очекува нафтата да поскапи. Најдобар доказ е дека граѓаните ќе споредат што можат да купат за 1000 денари од пред 5 години, и сега. Втората работа која ме загрижува во економијата порастот на задолженоста, надминува 7,5 милијарди“, вели Николоски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •