септември 26, 2021

Николовски: Патната инфратруктура во државата се гради како никогаш досега

Како никогаш досега, во државата се градат автопатишта, експресни, регионални, магистрални и локални патишта и силна е поддршката преку сите владини програми, заклучи вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Прашан за реконструкцијата на патот Струга – Ќафасан, по посетата на граничниот премин тој наброја дел од инвестициските фондови, кои се насочени за иградба на патната инфраструктура во земјава.

– Силна е поддршката во било кој поглед на општините преку сите владини програми дали е тоа преку ТАФ каде се работат 96 проекти, преку програмите на Светска банка, преку Министерството за транспорт и врски, преку буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

Сите овие програми кои се ставени на брза трака. Мислам како никогаш досега реализацијата во овој поглед не била висока и верувам дека за брзо време ќе се стави акцент и на проектите во овој крај, додаде Николовски, одговарајќи на новинарски прашања.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •