мај 19, 2022

Вознемирувачки фотографии од ужасот во Палестина: Израел размислува и за копнен напад

Ескалираат судирите меѓу Израелците и Хамас на улиците на источен Ерусалим кои траат веќе неколку дена. Сè започна за време на прославата на постот на Рамазан и молитвите што муслиманските верници ги извршија во џамијата Ал-Акса. Потоа беа нападнати од десничарски еврејски групи, а потоа израелската полиција интервенираше во целиот конфликт, што резултираше со стотици ранети и уапсени Палестинци. Имало повреди и од израелска страна.

Израелските одбранбени сили распоредија дополнителни копнени трупи на границата во последните денови пред потенцијален копнен напад, но сè уште не е донесена одлука за продолжување на таквата акција.

Во синоќешните напади Хамас го бомбардираше аеродромот во Тел Авив, градот пристаниште Хаифа, а исто така беше бомбардирана и Газа. 

Фотографии од Профимедиа кои го покажуваат ужасот, на следниот линк од српски медиум.

Сподели