октомври 22, 2021

Филипче: Лицата што примиле две дози на вакцина уште ќе носат маски

Лицата што примиле две дози на вакцина против ковид-19 превентивно уште ќе носат маски на отворено. Во наредниот период ќе се следи сосојбата и ќе се се решава дали маските ќе се тргнат, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, уште е рано даде општа препорака маските да не се носат на отворено.

Тоа е нешто за што ќе разговараме во наредниот период следејќи ја состојбата на терен односно како се намалуваат бројот на заразени и се зголемува бројот на вакцинирани граѓани, изјави Филипче.

Филипче кажа дека одлуката за олабавување на мерките и дозволата за организирање на настани не ги вклучува организирањето концерти и свадби односно тие сè уште се забранети.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •