август 5, 2021

Ново писмо од воени лица во Франција: Се подготвува граѓанска војна!

Во Франција објавено е ново отворено писмо во кое се предупредува на заканата од граѓанска војна и се тврди дека во него има повеќе од 130.000 потписи. Порака објавена во десничарско списание ја обвинува француската влада дека дозволила „отстапки“ на исламизмот. „Станува збор за опстанокот на нашата земја“, гласи текстот објавен од анонимни војници кои бараат поддршка од јавноста, пишува Би-Би-Си.

Француската влада го осудила ова писмо, како и сличното писмо од април. Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин го нарекол последното писмо „груб маневар“ и ги обвини анонимните потписници дека немаат „храброст“.

Априлското писмо до француската влада го потпишаа генерали во резерва. Министерката за вооружени сили Флоренс Парли рече дека генералите ќе бидат казнети за кршење на законот за забрана на резервисти или активни војници јавно да изразуваат мислења за религијата и политиката.

Сепак, крајно десничарската лидерка Марин Ле Пен, кандидат на претседателските избори следната година, рече дека поддржува околу 1.000 војници, приближно колку што го потпишале априлското писмо. Новиот текст доцна синоќа го објавил Valeurs Actuelles, но редовите и бројот на наводно активни припадници на француската армија кои го потпишале не се познати.

Авторите на писмото се идентификуваат како дел од помладата генерација војници кои служеле во Авганистан, Мали и Централноафриканската Република или се приклучиле на домашните антитерористички операции. „Тие дадоа сè за да го уништат исламизмот, на кој сега му се даваат отстапки на наше тло“, се вели во писмото.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •