јуни 21, 2021

Нина Ангеловска ја продаде компанија Grouper на полската компанија Payten

Payten се стекна со сопственост на 100% од  акциите на Grouper, како дел од стратегијата за проширување  на портфолиото на компанијата со решенија за е-трговија.

Полската компанија Payten е нов сопственик на најпопуларната македонска платформа за  е-трговија Grouper. Payten е дел од полскиот гигант Asseco кој од пред неколку години е сопственик и на софтверската компанија Pexim. Компанијата креира софтверски решенија за платежна индустрија за финансиските и не-финансиските институции, кои поддржуваат картични и не-картични трансакции.

– Payten се стекна со сопственост на 100% од  акциите на Grouper, како дел од стратегијата за проширување  на портфолиото на компанијата со решенија за е-трговија. Со Grouper во нашите редови, ја збогатуваме нашата понудата за сите трговци и ги унапредуваме Payten решенијата за е-трговија – вели Катарина Арнолд Рокита, раководител на тимот за развој на е-трговија во Payten.

Grouper.mk е најголемата македонска платформа за е-трговија. Компанијата е основана пред 10 години и има дел од заслугите за пробивање и развој на е-трговијата во Македонија. На платформата продаваат над 3500 трговци, и има над 270 000 корисници. Од почетоците корисниците на Grouper можеа да се пронајдат различни намалувања на цените кои корисниците можат да ги искористат за да платат помалку.

„Ми претставува чест да споделам дека Grouper стана член на Payten (дел од полската групација Аsseco SEE) фамилијата.Оваа аквизиција за нас значи многу повеќе – тоа е признание на нашата напорна работа, посветеност и на досегашните успеси, но воедно претставува одлична можност за целосна реализација на потенцијалот на Grouper“, напиша Нина Ангеловска во пост на Facebook.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •