септември 17, 2021

Семејството на Верица Белчовска ќе добие стан на користење во Струмица

Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседава министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на денешната седница одлучила на семејството Белчовски, чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, да им биде доделен на користење стан во општина Струмица, информира министерот преку својот Фејсбук статус.– Имајќи ја предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица, стои во статусот на министерот.

Дополнува дека семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Република Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •