јуни 20, 2021

Респиратори украдени во Шведска завршиле во угостителски објект во Хрватска

Хрватската полиција покренала истрага против маж на 25 години кој се сомничи дека од 8 март до 2 април, набавил 24 медицински респиратори во вредност од 350.000 евра, за кој се утврдило дека се украдени во Шведска.

Осомничениот, респираторите ги набавил преку трдговско друштво од Косово, со седиште во Загреб, во кое тој е одговорно лице и директор, објавуваат хрватски медиуми.

Во текот на истрагата и со помош на меѓународна соработка, потврдено е дека респираторите исчезнале во Шведска, односно дека е пријавена кражба на 15 февруари при транспортот низ Шведска. Сомневањата се дека мажот медицинските респиратори ги набавил со намера да ги препродава во трети земји и со цел за остварување противправна имотна корист, иако знаел или морал да знае дека респираторите се набавени илегално, соопштла загрепската полиција.

Осомничениот респираторите ги складирал во угостителски објект во Загреб.

Респираторите привремено се одземени.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •