септември 17, 2021

Над 170 повредени во судири меѓу Палестинци и израелската полиција во Ерусалим

Повеќе од 170 Палестинци и шест израелски полицајци беа повредени, повеќето во областа на џамијата Ал Акса во источен Ерусалим, каде што верници се собраа на последната голема петочна молитва пред крајот на Рамазан.

Избувнаа судири меѓу палестински млади лица кои, според портпаролот на израелската полиција, Васем Бадр, фрлале камења, шишиња и други предмети, и полицајците кои реагирале со гумени куршуми и шок бомби.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •