За 198 лажни пасоши, доби казна затвор од 2 години и 5 месеци

Оливера Софрониевска, која според обвинението одобрила издавање на 198 лажни пасоши во случајот „Двојник“, доби казна затвор од две години и пет месеци откако и таа денеска ја призна вината.
Истовремено забрането и е вршење на професија, дејност или должност во времетраење од десет години.
Максималната казна затвор за делото на обвинетата инаку е три години. Претходно денеска од полициската управа осуден беше и Шемседин Јашари, на кого судот му изрече казна затвор од година и седум месеци.
Пред два дена уште шест лица признаа вина за оваа афера од вкупно 11 обвинети. За останатите тројца судскиот процес е во тек.
Во овој случај има 11 обвинети кои во полицијата за пари изработувале 215 лажни пасоши од јуни 2017 до крајот на 2020 година.