ноември 27, 2021

Заев: Како што знаеме да им ги тутнеме мобилните за играње, така да ги тераме и да учат

Премиерот Зоран Заев денеска во Тетово уште еднаш им даде поддршка на најавуваните законски реформи со дигитализацијата на учебниците по реакциите на социјалните мрежи од голема група на родители кои инсистираат образовниот процес да се темели на хартиената форма.

„Апелирам до сите – како што знаеме да им ги тутнеме телефоните и компјутерите на децата за играње игрички во раце и ние да си ја вршиме работата, дајте малку да ги научиме и образованието да го учат Паралелено, напоменувам, покрај тоа што ќе има и пишани учебници. Ја следам навистина целата дебатат што се случува. И јас сум бил некогаш ученик. Бојкот, бегање од часови, тоа е најлесната работа. Ама ние родителите мораме да имаме одговорност затоа што светот оди напред. Дигитализацијата постои насекаде. Виртуелните можности се огромни. Знам дека секоја промена е тешка, но мораме да се помрднеме, да бидеме во чекор со светот, да менуваме“, рече денеска Заев.

Премиерот потсети дека законската реформа во првата образовна година ќе започне со четвртотот одделение, а потоа со петтото и така натаму.

Сподели
 
 
 
   more