јуни 21, 2021

ВУЧИЌ: СИТЕ ВАКЦИНИРАНИ СО НАЈМАЛКУ ЕДНА ДОЗА ЌЕ ДОБИЈАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ 3.000 ДИНАРИ

Сите граѓани во Србија кои се вакцинирале ќе добијат дополнителни 3.000 динари помош, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој нагласи дека и покрај претходно предвидената помош, сите оние кои се вакцинирани на возраст над 16 години, или кои биле вакцинирани со една или две дози, и сите кои ќе бидат вакцинирани со најмалку една доза до 31 мај, ќе добијат дополнителни 3.000 динари (околу 25 евра) од државата.

Вучиќ изјави дека за дополнителната помош синоќа се консултирал со премиерката Ана Брнабиќ..

– Не можеме да донесеме негативни дискриминаторски мерки за оние кои не сакаат да се вакцинираат, иако сметам дека е неодговорно и себично да не се вакцинираат. Размислувавме како да ги наградиме луѓето кои покажаа одговорност и решивме да дадеме дополнителни финансиски средства за луѓето кои се вакцинирани, иостакна Вучиќ.

Според него, проценките се дека до крајот на мај приближно три милиони луѓе да бидат вакцинирани во Србија со најмалку една доза, со цел да се постигне колективен имунитет.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •