јуни 20, 2021

Фон дер Лајен му прати важно писмо на Вучиќ, ја споменува и Македонија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајан, испрати писмо до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во кое му се заблагодарува за „продуктивната средба во Брисел на 26 април“.

Во писмото нагласува дека особено се радува на соработката за големиот проект за модернизација на пругата Белград-Ниш-Прешево на границата на Србија со Македонија.

Според писмото, фон дер Лајен посочува дека проектот е „огромен чекор напред и важна пресвртница во нашите идни односи“, и додава дека таа е „среќна што овој проект е во Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан , што е усвоен од Европската комисија минатата есен“.

Претседателот на Европската комисија додава дека „Комисијата веќе работи со полна брзина на реализација на проектот“.

На крајот од писмото што го испрати до претседателот на Србија, Урсула фон дер Лајан инсистира на најбрза и најблиска соработка со Вучиќ, сè со цел да се направи што е можно поефикасен проектот за модернизација на пругата.

За споменатиот проект, таа истакна дека е важен, особено во овој момент, што го нарече предизвик.

– Со нетрпение очекувам да продолжам да соработувам со вас за градење на безбедна, здрава и силна Европа – се наведува во писмото на фон дер Лајан.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •