октомври 22, 2021

Саше Јанчев пешачеше од Гевгелија до Скопје во чест на Гоце

Во чест на Гоце денес завршив со тридневен марш. По 154 километри и 35 часа пешачење пред петнаесеттина мин од Гевгелија стигнав кај Гоце во Скопје. Првичната идеја ми беше да тргнам од Кукуш и од таму пеш да донесам младо дрвце кое сакав да биде посадено во близина на вечното почивалиште на Гоце. Арно ама короната го осуети тој план.

Годинава ко за прв пат, толку. Догодина здравје, можеби сосе дрвце, со екипа и со старт од Кукуш.

Учителе,

Твојот сон за САМОУПРАВНА МАКЕДОНИЈА како центар на врзување на една Балканска Конфедерација која ќе ги помири балканските државички и која ќе им овозможи да не бидат слуги на Вашингтон, Брисел и Москва уште ЖИВЕЕ.

Вечна слава Учителе ❤🖤

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •