јуни 23, 2021

Премиерот Заев ќе се вакцинира денеска

Премиерот Зоран Заев денеска на пладне ќе се вакцинира на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски”. По вакцинирањето се предвидени изјави за медиумите пред влезот на спортската сала.

Од владата не соопштија со која вакцина ќе се имунизира премиерот и дали ќе се вакцинираат и останатите министри.

Денеска во „Борис Трајковски“ втората вакцина ќе ја примаат и новинарите и медиумските работници.

-Секако дека ќе се вакцинирам, но, без да ги кршам протоколите, да не бидам пред медицинските работници, пензионерите и хронично болните, јас ќе го дадам примерот и ќе се вакцинирам за да испратам порака дека таа е здрава, безбедна. И сега ја користам приликата да апелирам до сите граѓани, дека според светските експерти таа е исправна и треба сите да ја примиме, освен за оние групи за кои лекарите ќе го исклучат тоа“, рече премиерот Заев кој додаде дека вакцинацијата ќе се врши најпрво кај медицинските работници, пензионерите, хронично болните, а потоа кај останатите граѓани, изјави Заев пред неколку месеци.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •