Како вие како ИТ професор сте против дигитализација во образованието?

Ми беше поставено прашање:
” Како вие како ИТ професор сте против дигитализација во образование?”
Одлучив јавно да одговорам :
Јас сум против ваква Реформа во образование по неколку основи!
- Се што се носи набрзина не дава резултат( па и најдобро да е) – во образование (веќе 30г сум проф.) тоа е покажано и докажано.
- Дигитализацијата ја имаме онолку колку што е засега потребно:
- ИКТ училници
- PDF екектронски учебници
- online настава …
За психофизичкиот развој на детето СОСЕМА доволно.
Повеќе НЕ НИ ТРЕБА се додека нема:
- растеретување на децата од одредени содржини, но НИКАКО со спојување предмети- ние НЕМАМЕ кадар за да се предава спој;
- измислени предмети по разни основи да се укинат;
- од 1- 7 одд ИСКЛУЧИВО интерактивна настава – во 6 и 7 преку предметот Информатика да се запознае ученикот со дигитални вештини;
- во 8 и 9 може само Информатика да е со дигитални учебници ( како вовед да речам);
- да се спои ОТО и Информатика е тотално лудило, плус во сооднос 80:20- а говориме за дигитализација и информатичко општество .
Најчудно, за ова ИТ фелата ќути 🤔; - Да се ревидираат содржините по предмети од наставен кадар и да се изменат каде е потребно;
- да не се оптоваруваат децата со наметнати предмети: Сексуално воспитание може да е тема во биологија и НИШТО ПОВЕЌЕ;
- СТОП за Јога во секуларна држава;
- да се работи дигитално за екологија, Глобе, етика – повеќе во екстракурикулуми;
- уметностите ради општа култура да се ОБАВЕЗНИ и никако споени;
- да си остане СЕМЕЈСТВОТО основна клетка – низ сите содржини во образовниот процес да се чувствува , а дома којшто сака нека прави.
Можам да елаборирам уште многу но ќе завршам со апел до Ректоратот, МОН , следната Влада …да влезе во Уставот на Македонија:
Министер за образование може да биде универзитетски професор со најмалку 15г стаж – за доброто на идните генерации.
Автор: Соња Столеска – ИТ професор
Сподели