септември 28, 2021

Четврта година откога СДСМ е на власт не е доделена наградата „Гоце Делчев“

Плусинфо неофицијално дознава дека добитници на наградата се научните трудови „Интерна медицина“ од група автори, одговорен уредник проф. д-р Соња Генадиева Ставриќ и „Сите лица на речта: беседи“ од академик проф. д-р Катица Ќулавкова.

Откако СДСМ е на власт, три години по ред, во 2017, 2018 и во 2019 година, државната награда „Гоце Делчев“ не е доделена.

Лани во декември за прв пат се распиша конкурс. Донесена е и одлука, која, според некои објаснувања, сè уште не била објавена во „Службен весник“. Наводно, тоа е причината што наградата официјално не е доделена на 4 мај, денот на погибијата на големиот македонски револуционер Делчев, како што е традиција.

Плусинфо неофицијално дознава дека добитници на наградата се научните трудови “Интерна медицина“ од група автори, одговорен уредник проф. д-р Соња Генадиева Ставриќ и „Сите лица на речта: беседи“ од академик проф. д-р Катица Ќулавкова.

Законска обврска за доделување на наградата за највисоки достигнувања во областа на науката има Министерството за образование и наука, со кое раководи министерката Мила Царовска.

Неофицијално дознаваме дека владиниот врв не може да се помири со одлуката еден од добитниците на оваа престижна награда да биде академик Ќулавкова. Поради тоа постои опасност воопшто да не се организира свечено доделување на наградата, а „виновник“ ќе биде пандемијата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •