ноември 30, 2021

Од јуни на продажба државното земјоделско земјиште: За купците парцели над 10 хектари, за Владата 300 милиони евра

Министерството за земјоделство објави на ЕНЕР дека работи на новиот закон за продажба на државно земјоделско земјиште. Тоа значи дека е се поблиску до сотварување идејата на Владата од јунни годинава да се стави на продажба државното земјодлеско земјиште и на таков начин да се инкасираат пари во буџетот. Првично беше предвидено да се направат измени на Законот, но сега се известува дека се прави комплетно ново законско решение. 

Владата секако и претходно најави дека планира продажбата на земјоделското земјиште да стартува од средината на 2021 година, со што сега со Законот се прави терен за тоа. Иако имаше низа забелешки на идејата, не се отстапува од можноста со продажба на државна земја да се влеат околу 300 милиони евра во буџетот. За толку пари се првичните пресметки. Во моментов на Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР) нема многу детали од законот, кој се очекува да биде прикачен за неколку дена. Стои само дека со овој закон ќе се подобри постапката за продажба на државното земјоделско земјиште во смисла на усогласување на рокови и времетраење на постапките.

„Ќе се дефинираат критериумите за избор на земјоделско земјиште во државна сопоственост за продажба, предвидување посебни постапки за приватизација на земјоделското земјиште кое е веќе издадено и земјиштето кое е слободно, земајќи ја во предвид и големината на парцелите, постоење на објекти и долгогодишните насади на државно земјоделско земјиште понудено на продажба и додефинирање на критериумите за продажба, стои во објавата.

Премиерот Зоран Заев во неколку наврати претходно рече дека државата рсполага со земјоделско земјиште кое вреди до 2,5 милијарди евра. Сепак немало да се продава сето туку само 10 до 15 проценти од расположливата земја. Тоа значи дека би се оттуѓило земјиште кое би вредело до 200 до 300 милиони евра. Инаку од соопштеното стана јасно и дека се планира да не се продава земјоделско земјиште под 10 хектари, односно еден купец би можел да купи само парцела поголема од 10 хекатри. Право да купат ќе имале само домашни физички и правни лица, ама во фирмите можело да има и странски капитал. Планирано беше декар земја да чини од 250 до 450 евра, а предност при купувањето ќе имале концесионери. Земјиштето што ќе се купи ќе не може да се пренамени во градежно земјиште. 

Од Министерството за земјоделство неодамна за Фактор потврдија дека се работи на законот и дека деталите ќе бидат објавени кога ќе биде готов. 

Целиот текст на faktor.mk

Сподели
 
 
 
   more