мај 16, 2021

За Борисов Гоце Делчев е голем бугарски револуционер и македонски војвода

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов попладнево го нарече Гоце Делчев  голем бугарски револуционер и македонски војвода.

Тој попладнево на Фејсбук го пренесе својот став по повод 118 годишнината од загинувањето на револуционерот Гоце Делчев. 

„Денеска се одбележуваат 118 години од трагичната смрт на големиот бугарски револуционер и македонски војвода Гоце Делчев, кој го даде својот живот за слободата и автономијата на Македонија и Одриснко. Нека неговата жртва биде пример за нас …, час побрзо да го најдеме вистинскиот пат кон нашата заедничка европска иднина. Вечен му спомен!“, напиша Борисов.

Историчарите од двете земји на последната средба иако беше планирано, не зборувале за Делчев. 

Делегација на Владата на чело со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Делчев загина во селото Баница во Серско. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •