септември 28, 2021

Шилегов: Мицкоски, ти одиш во Будимпешта по инструкции, а ние одиме по опрема!

Петре Шилегпв

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, му реплицираше на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој го обвини дека при сомнителен тендер набавил противпожарна автомеханичка скала вредна 1,7 милиони евра.

-Додека ти Христијане ја замараш македонската и скопската јавност со своите лаги и конструкции, ние веќе правиме обука на персоналот и вршиме технички прием на противпожарната скала, новото добро во нашиот град. Прав си. Ти одиш во Будимпешта по инструкции, некој друг по опрема за безбедноста на скопјани!, напиша Шилегов на фејсбук.

Градоначалникот Шилегов му порача на Мицкоски и дека тој се грижи за безбедноста на граѓаните.

-Продолжи и понатаму да се занимаваш со црнилото во својата душа. Јас ќе продолжам да се грижам за безбедноста на скопјани … Можеби малку ти е чудно во твоето црнило, но Скопје веќе е европски град, со европски и светски стандарди, истакна Шилегов.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •