јуни 21, 2021

ПРОНАЈДЕНИ 90 ЛУЃЕ ЗАРОБЕНИ ВО КУЌА ВО ХЈУСТОН

Полицијата во Тексас пронајде 90 лица заробени во една куќа во предградие на Хјустон, а постои сомнеж дека станува збор за жртви на трговија со луѓе.

Меѓу нив биле само петмина мажи. Сите се изнесени од куќата и им било дадено храна и вода, соопшти полицијата.

– Луѓето се наоѓаа во куќата, збиени еден до друг и во истата облека во која се донесени, истакна Дерин Едвардс од полицијата во Хјустон.

Неколкумина од жртвите имале симптоми на коронавирус, температура и губење на вкус и мирис.

Транспортирани се со автобуси, но засега е непознато каде ќе бидат сместени. Освен локалната полиција, во куќата влегле и агенти на Секретаријатот за внатрешна безбедност и Царинската и гранична управа.

Едвардс изјави дека се уште никој не е уапсен, а истрагата е во тек.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •