август 5, 2021

ГОЛЕМИОТ ПОЖАР НАД ГАЛИЧНИК ВЕЧЕРВА СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА (ВИДЕО)

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по добиената информација за голем пожар  над с. Галичник, околу 13.30 часот координираше со регионалните центри и локалната самоуправа, па заради непристапноста на теренот ја извести и Армијата, којашто ќе дејствува со еден хеликотер со ведро за гаснење за пожарот и заштиа на Галичник.

ЦУК истовремено координираше и да се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж. Известена  е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи.

Инаку, информацијата за пожарот над с. Галичник, во ЦУК е добиена денеска околу13.30 часот. Шумскиот пожар заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и гори борова шума.

Вечерва во селото Галичник ќе престојува специјалната единица на Армијата, кои ќе бидат присутни доколку состојбата со оганот кој тлее избувне повторно и се појави потреба од интервеницја.

Пожарот кој попладнево избувна над селото Галичник е под контрола, наведуваат во фејсбук објава од Месната Заедница.

Според последните информации, нема опасност за имотите и куќите.

Во гаснењето на пожарот денеска интервенираа Националниот Парк Маврово, Центар за управување со кризи, Противпожарните бригади од Дебар и Гостивар, амбулантно возило Гостивар, хеликоптер на Армијата на Република  Македонија, локално население и екипи и возила на Коњички клуб Шерпа.

Во објавата се наведува дека вечерва во селото Галичник ќе престојува специјалната единица на Армијата, кои ќе бидат присутни доколку состојбата со оганот кој тлее избувне повторно и се појави потреба од интервеницја.

На Укален се гаснат последните остатоци од пожарот. Утре наутро се најавени летови за гаснење со двата армиски хеликоптера.
Електричната енергија е сѐ уште во прекин и ќе биде повторно пуштена откако ќе се извршат потребните проверки. Ќе информираме дополнително. Огромна благодарност до сите вклучени во денешната акција!, стој во фејсбук објавата на Месната Заедница Галичник.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •