септември 17, 2021

ВО ДРАЧ ПРИСТИГНА АМЕРИКАНСКА ОПРЕМА, НАЈГОЛЕМА ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА (ВИДЕО)

Последни подготовки во пресрет на големата воена вежба на НАТО Алијансата, армијата на САД и сојузничките сили. Во пристаништето во Драч пристигна воен брод од морнариицата на САД опремен со технологија која ќе бидел од вежбата „Defender-Europe 21“, една од најголемите воени вежби уште од втората светска војна.Наскоро во Албанија се очекува да пристигне и британски воен брод.

„Нашите војници со заедничка обука ќе ја зголемат меѓусебната активност, градењето оперативна подготвеност и зајакнување на односите. Сето тоа ни овозможува да одговориме на каква било криза, во кое било време, заедно со нашите сојузници и партнери.“ – изјавија од американската армија.

Во воените маневри ќе учествуваат 28.000 американски, сојузнички и партнерски сили од 27 нации за спроведување на истовремени операции во повеќе од 30 области за обука во 12 балтички и африкански земји на Црното Море и од Балканот.

„Албанија, како членка на НАТО од 2009 година, ќе ангажира илјада војници во овој историски настан, бидејќи тоа е најголемата вежба во Албанија и регионот.“ – изјави Нико Пелеши – министер за одбрана на Албанија.

Цел на акцијата, која ќе трае од 4-ти мај до 9-ти јуни е спречување на агресијата и градење оперативна подготвеност. Со вежбата, ќе раководи американската војска, а ќе учествуваат членки и партнери на НАТО, меѓу кои и од Македонија, Босна и Херцеговна, Хрватска, Турција, Косово.

Извор: Тв 24

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •