јуни 22, 2021

Македонците од Австралија се изборија православниот Велигден да не се именува како грчки

Австралискиот министер за имиграција, државјанство, мигрантски услуги и мултукултурни односи Алекс Хоук ги прифати укажувањата од македонската заедница и ѝ упати честитка за православен Велигден, а не „грчки Велигден“, каква што беше праксата досега, под влијание на силното грчко лоби.

На крајот од пораката Хоук дури и го честита големиот христијански празник со „Христос воскресе“ на македонски јазик.

„Како вистински приказ за богатата културна и религиозна раноликост со кои е благословена Австралија, православните велигденски беседи ќе се слушнат на англиски, грчки, македонски, српски, арапски, руски, украински, арамејски и романски.

На сите ви посакувам безбеден и благословен Велигден.

Христос воскресе!“, вели министерот во својата „Порака за православниот Велигден“, како што ја насловува.

„Употребата на терминот ‘грчки’ Велигден конечно завршува во Австралија и се заменува со точниот термин ‘православен’ Велигден. Грчкото лоби, како и грчката заедница се многу активни во долг временски период во оваа земја, ширејќи пропаганда, но македонскиот глас конечно се слушна“, на Фејсбук објави Аника Стојковски од Мелбурн, покрај честитката од Хоук.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •