јуни 22, 2021

Брегу: Целосно бесплатен роаминг од 1 јули низ Западен Балкан

 Од 1 јули оваа година, трошоците за користење на роаминг услугите во регионот ќе чинат како да сме во Македонија. 

Надомест за роаминг во земјите од регионот нема да има од 1 јули, што значи дека граѓаните на овие земји, но и деловните субјекти ќе имаат повеќе пари во буџетот, оценува за Радио Слободна Европа, генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу.

Со оглед дека пандемијата влијае на економскиот развој на земјите, Советот за регионала соработка оценил дека со подобра соработка меѓу земјите од регионот би можело да дојде до значајна заштеда.

Како пример, Брегу ги издвојува „зелените коридори“. Се работи за меѓународни транспортни линии за транспорт на прехранбени продукти и медицинска опрема, кои се отворени од 13 март 2020 година.

Земјите со Централноевропскиот трговски договор (ЦЕФТА), во кој од 2006 година се: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Молдавија и Косово, одобрена е листа на храна, лекови и медицинска опрема која по брза постапка преминуваат прегу границите.

Целиот текс можете да го прочитате тука.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •