септември 16, 2021

Стружанец стана стратешки партнер на моќниот Илон Маск од Тесла

Сопственик на компанија за софтвер од Струга кој има бизнис и во Германија стана стратешки партнер на еден од најбогатите луѓе на светот Илон Маск кој освен познатата компанија Тесла води уште неколку компании кои се сметаат за револуционерни во своите области.

Стружанецот Роберт Милески, денеска ја објави веста со каква можат да се пофалат само малку компании во светот.

“Да се пофалам – мојата компанија Introcode стана стратешки партнер на Тесла. Отсега софтвер “Made in Macedonia” во нивните производи и во една од технолошки најнапредните компании во светот”, напиша Милески кој во јавноста во Македонија е познат како жесток борец против промена на името и идентитетот на Македонците.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •