октомври 22, 2021

Со пристигање на вакцините на „Синофарм“ од следната недела почнува масовна имунизација (видео)

Од Кина до ладната соба на поликлиниката „Јане Сандански“. Пристигнаа 200.000 вакцини на „Синофарм“ за масовна имунизација што официјално стартува во вторник со предвидено темпо –да има и до 15.000 боцкања на ден, што е три пати повеќе од сега. 

Спортските сали во Битола, Охрид, Куманово, Тетово, Штип и Кавадарци ќе функционираат како пунктови за вакцинација, а слични објекти следниот месец ќе се отворат и во Прилеп и во Велес, вели Министерот Венко Филипче.

-Драго ни е што кинеските вакцини можат да придонесат во напорите за процесот на вакцинација во Македонија. Неопходна е поддршка за имунизација од сите чинители во оваа земја. Кина има волја да ја зајакне соработката со Македонија во борбата против епидемијата и закрепнувањето на економијата за доброто на двете земји и народи, вели Џанг Ѕуо- Амбасадор на Народна Република Кина

Здравствените власти нема да ги менуваат правилата, па не се планира да им се овозможи на граѓаните да бираат која вакцина сакаат да ја примат. Но, за преку личен пример да докаже дека вакцината е безбедна и Филипче ќе се вакцинира со „Синофарм“.

Месецов, според најавите треба да стигнат уште 600.000 вакцини од Кина, односно дополнителни 100.000 дози „Синофарм“ и околу 500.000 дози „Синовак“, како и да се комплетираат оние 26 000 дози од „Фајзер“. Се уште нема точен термин за тоа кога и колкава количина ќе стигнат од руските вакцини.

Извор: Тв Канал 5

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •