јуни 22, 2021

Русија им забрани влез на членови на Европскиот парламент и на Европската комисија

Русија забрани влез на осум службеници од државите на ЕУ, вклучително и на членови на Европскиот парламент и на Европската комисија. Потег кој следи откако ЕУ на руските власти им наметна санкции во март.

„Русија забрани влез на осум претставници од државите на ЕУ, вклучувајќи ги претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли и потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова“, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

„Европската унија води политика на еднострани нелегитимни ограничувачки мерки, насочени кон руски граѓани и организации“, се вели во соопштението на министерството, пренесе Дојче веле.

Главниот државен обвинител во Берлин, Јорг Раупах е исто така меѓу оние на кои им е забранет влез во Русија.

ЕУ во март воведе санкции за двајца Руси обвинети за прогон на хомосексуалци во Чеченија. Минатиот месец воведе санкции за четворица високи руски функционери блиски до претседателот Владимир Путин.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •