октомври 21, 2021

Ердоган: Нема напредок во преговорите бидејќи функционерите на кипарските Грци се лажговци

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги обвини грчко-кипарските функционери за неуспех во последната рунда на преговори за иднината на островот, нарекувајќи ги „лажговци“.

– Не му верувам на јужен Кипар. Не верувам дека можеме да постигнеме резултат бидејќи не се искрени. Тие се лажговци – изјави Ердган за новинарите.

На неформалните разговори кои се завршени вчера во Женева немаше напредок.

Ставовите на кипарските Грци и кипарските Турци не се доближија за да започнат официјални разговори, изјави главниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш.

Кипарските Грци и понатаму поддржуваат решение кое би воделе кон повторно обединување на островот во облик на федерална држава, додека Ердоган вчера предложи Советот на обезбедност на ОН да признае две независни и еднакви држави на тој средоземен остров.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •