јуни 21, 2021

Вархеји: Стигнуваат првите вакцини од ЕУ, патувам за Западен Балкан да покажеме дека се грижиме

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, идната недела ќе ги посети земјите од Западен Балкан, а целта на посетата, како што соопшти Европската комисија, е пристигнувањето на првите вакцини „Фајзер“ кои ги обезбеди ЕУ како помош за земјите од регионот. Според агендата, Вархеји во понеделник попладне се очекува да пристигне во Србија, во вторник ќе ги посети Босна и Херцеговина, Црна Гора и Република Македонија, а во среда заминува за Албанија и Косово.

„Патувам за Западен Балкан за да пренесам јасна порака: се грижиме! Се грижиме за нашите партнери и за нивните здравствени работници и за најранливите. Испораката на вакцините ја потврдува нашата посветеност да обезбедиме поддршка, како што тоа го правиме уште од почетокот на пандемијата. Посилни заедно!“

изјави Вархеји.

Вакцините од ЕУ се финансирани од пакет вреден 70 милиони евра, усвоен од Европската комисија во декември 2020 година, а со помош на Австрија се дистрибуираат до државите од Западен Балкан. Станува збор за 651 илјада вакцини кои ќе бидат испорачани во регионот од мај до август. Според планот на ЕУ, Република Македонија треба да добие 119 илјади вакцини.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •